Општина Злетово — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои според законот за теротијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Пробиштип. Центар на општината било селото Злетово.
Населени места и демографија Во Општина Злетово спаѓале следниве села: Бунеш, Древено, Зеленград, Јамиште, Лесново, Ратавица, Трипатанци, Турско Рудари, Шталковица и Злетово.
Според податоците од последниот попис на Општина Злетово во 2002 година, има 3.428 жители, од кои 3.410 се Македонци.
Следува табела на националната структура на населението: НародВкупноУдел (%) Македонци 3.410 99,47 Албанци 0 0,00 Турци 0 0,00 Роми 0 0,00 Власи 10 0,002 Срби 4 0,001 Бошњаци 0 0,00 останати 4 0,001
Наводи
Поврзано Општини во Македонија Општина Пробиштип Злетово
Злетово Злетово