Јасеново — некропола од римско време. На 1 километар западно од селото Владиловци, во подножјето на планинскиот врв Јасенова Глава, при изградбата на патот за манастирот се откриени римски гробови со конструкција од тегули и камени плочи. Оттука потекнува и надгробна стела со старогрчки натпис, која се чува во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Стара Црква — населба и некропола од доцноантичко време и средновековна црква со некропола
Наводи
Категорија:Владиловци