Венуле — археолошко наоѓалиште во велешкото село Црквино. Претставува римска населба. На 4.5 км источно од селото десно од современиот пат Велес-Неготино, на падина со површина од околу 0.4 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Во Народниот музеј во Велес се чува една римска монета.
Поврзано Белушка — населба од римското време; Габер — населба од римското време; Селска Црква — некропола од доцноантичкото време; Црквино; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи