Алтернатива — македонска политичка партија.

Историја Партијата била формирана на 10 март 2019. За претседател на партијата бил избран Африм Гаши.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата настапила во коалиција со Алијанса за Албанците.Алијанса и Алтернатива утре ќе ја заверат коалицијата, 360 степени, 20.02.2020

На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во Коалиција "ВРЕДИ" предводена од Беса заедно со Демократско Движење и Алијанса за Албанците, на кој освоиле 107.081 гласови, односно 10.93% од гласовите, и освоиле 14 пратенички мандати.

Наводи

Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 2020 година во Македонија