мини|Емили Насрала Емили Дауд Насрала () (моминско презиме: Аби Рашид, год. во Каукаба, Либан - год. во Бејрут, Либан) била либанска писателка и активистка за човекови права.

Насрала завршила виша школа на Бејрутскиот колеџ за жени (сега Либанско-американски универзитет) во 1956 година од областа уметност, а потоа продолжила со студиите да дипломира на педагогија и книжевност при Американскиот универзитет во Бејрут во 1958 година. Набрзо, стекнала слава со нејзиниот прв роман, „Септемвриските птици“, во 1962 година. Овој роман е добитник на три арапски книжевни награди.

Писателката Насрала објавила многу романи, детски книги и збирки раскази на теми како семејството, животот на село, војната, емиграцијата и правата на жените. Проблематиката за правата на жените била од особено значење за неа и таа цврсто ја поддржувала целиот свој живот.

Наводи

Категорија:Либанци Категорија:Либански писатели Категорија:Либански активисти Категорија:Апсолвенти на Бејрутскиот колеџ за жени Категорија:Апсолвенти на Американскиот универзитет во Бејрут Категорија:Луѓе од Каукаба (Либан)