мини|Брдото е дел од брдилата низ кое поминуваат нишките од основата. мини|200px|Брдо кое се користело во Македонија Брдо — дел од разбојот за ткаење низ кој се воведува основата. Се користи за раздвојување и оставање проред меѓу нишките на основата, да го води движењето на совалката низ разбојот и да го натиснува јатокот на своето место."Reed." The Oxford English Dictionary. 2nd ed. 1989.1911 Encyclopædia Britannica
Брдото е утврдено во брдила и се состои од рамка со многу вертикални изрези. Во разбојот кој се користел во Македонија, брдото се состои од две дрвени прачки поврзани со повеќе стапчиња од трска низ кои поминувале нишките. Во зависност од бројот на изрези во брдото зависи финоста на исткаениот материјал, што погусто, толку пофина ткаенина.
Менување Брдата може да се менуваат во брдилата така што се овозможува со еден ист разбој да се ткаат различни видови ткаенини.
Историја мини|A: жици или забиB: дрвени ребраC: насмолена врвца Модерните брда се прават со поставување на плоскати ленти или жици (направени од јаглен или не’рѓосувачки челик ) меѓу две половини од кружни дрвени ребра и севкупно зацврстени со насмолена врвца.
Историски, брдата се правеле од трска или други растенија со слични особености. Стапчињата од трска се поставувале меѓу ребрата на ист начин како што сега се поставува жицата
Во 1738 година, Џон Кеј ги заменил стапчињата од трска со рамна железна или месингена жица, што било брзо прифатено.
При изработка на брдо, жицата е сплескува на рамномерна дебелина со поминување низ валјаци. Сплоснатата жица потоа се исправа, се заоблуваат рабовите и се мазни. Последниот чекор е да се пресече жицата на потребната должина и да се склопи. Насмолената врвца што го врзува брдото во целина, се замотува околу секое дрвено ребро и меѓу запците за да ги држи како целина на потребното растојание.
Наводи
Категорија:Ткаење Категорија:Разбој Категорија:Ткајачка опрема