Филип Димкоски (, ) – поет, преведувач и новинарДИМКОСКИ, Филип Во градината има само љубов/Филип Димкоски, самостојно издание, Скопје, ISBN 978-608-65970-2-3.

Животопис

Роден е на 27 јуни 1995 година во Прилеп каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката „Градинарство и цвеќарство“ (хортикултура). Новинар во најстариот дневен весник во Македонија, Нова Македонија. Од октомври 2025, уредник е на единствениот додаток за деца во македонскиот дневен печат „Колибри“ кој постои 67 години.

Книжевна кариера Досега ги објавил книгите: Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и кратка проза за деца, 2010), Божилак на исконот (поезија за возрасни, 2014), Заедно да растеме (поезија за деца, 2018), Во градината има само љубов (поезија за возрасни, 2018). И каменот има душа (поезија за возрасни, 2020) Овошје и зеленчук (едукативна книга за деца, 2023) Книгата „Божилак на исконот“ објавена е на српски и на бугарски јазик во 2016 година, книгата „Заедно да растеме“ објавена е на српски 2019, а книгата „Во градината има само љубов“, на бугарски јазик (2019).

За својата поезија добитник е на неколку награди меѓу кои: „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво, за најдобра книга за деца во регионот во бившите југословенски држави за книгата „Заедно да растеме“ (Риека)Меѓународна награда за книгата „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски, 2018 година, Плакета „Сима Цуциќ“ на Банатскиот културен центар за српското издание на книгата „Заедно да растеме“ (Ново Милошево, 2019 година), Награда Млада Струга на Струшките вечери на поезијата Струга, 2010), Награда „Си било еднаш едно дрво“ за расказ (Битола-Израел, 2015/16), Како и награди на фестивалите „Мелничките вечери на поезијата“ (Мелник, Бугарија, 2012 и 2016), Белоцветните вишни (Казанлак, Бугарија 2016 и 2017) и „Есенски штурци“ (Извор, Бугарија, 2018).

Поезијата му е препеана на петнаесетина јазици и застапена во списанија, зборници и антологии. Се занимава и со водителство и рецитирање. Преведува од српски, од бугарски и од хрватски на македонски јазик.

Досега одржал предавања, работилници и средби во над четириесет образовни институции во Македонија, Србија,Хрватска, СловенијаПоетот Филип Димкоски во Љубљана и во Марибор, Бугарија и Израел. За афирмација на македонскиот јазик и образованието Советот на Град Прилеп на Филип Димкоски му го додели највисокото градско признание, плакетата „3 Ноември“Филип Димкоски награден за афирмација на македонскиот јазик (Прилеп, Македонија, 2019). Член е на Здружението на новинарите на Македонија, на Друштвото за наука и уметност Прилеп и на здружението Слоу фуд-Прилеп. Живее, твори и ја одгледува својата градина во родниот град Прилеп.

Наводи

Надворешни врски Младиот Филип Димкоски на Меѓународен поетски фестивал во Бугарија Поетот Филип Димкоски во книжевна посета на Хрватска

Категорија:Македонски писатели