Бодулаш – ненаселено островче во хрватскиот дел на Јадранското Море во акваторијата на општината Медулин.
Островчето е едно од 7 островчиња кои се наоѓаат пред односно во Медулинскиот Залив, 1 км североистично од островот Цеја и околу 2 км јужно од ‘ртот Каштеј на полуостровот Каштел кај Медулин. Површината на Бодулаш изнесува 0,125 км2. Должината на крајбрежната линија е 1,42 км.. Највисокиот врв на островчето е висок 7 метри.
Поврзано Список на острови во Хрватска
Наводи
Категорија:Истарски острови