Златен гол било правило во фудбалот користено од страна на ФИФА од 1993 до 2004 година.
Регулатива Родено по писмо што се појавило во Times на 16 април 1992 година, правилото за златен гол важело во продолженијата на фудбалските натпревари во нокаут-фазата: откако натпреварот завршил со нерешен резултат по регуларното време, првиот постигнат гол во продолженијата ќе му ја донесе победата на тимот кој го постигнал; ова се засновало на концептот на Ненадејна смрт присутен во екипните спортови во Северна Америка.
Во 2002 година, варијантата „сребрен гол“ била воведена од УЕФА, која според правилата му носела победа на тимот кој бил во водство по крајот на едно од продолженијата (небитно дали се работи за првото или второто). Двете правила биле укинати од ИФАБ по крајот на Европското првенство 2004.
Критики Оригиналната идеја на „Златниот гол“ била да се поттикнат екипите да играат поофанзивно, со што ќе се намали употребата на изведување пенали како параметар кој ќе го одлучува победникот; наместо тоа, се верувало дека правилото дало спротивен ефект, бидејќи екипите на теренот често имале тенденција да се затворат и да се бранат со цел да избегнат да примат одлучувачки погодок кој ќе ги елиминира моментално.
Натпревари решени со златен гол Репрезентативни натпревари +Победник ПоразенРезултатМинутаНатпреварДата2 - 195'Финале на Европското првенство 199630 јуни 19963 - 2105'Бараж за пласман на Светското првенство 199815 ноември 19970 - 192'Полуфинале на ФИФА Куп на конфедерации 199719 декември 19971 - 0113'Осминафинале на Светското првенство 199828 јуни 19982 - 1117'Полуфинале на Европското првенство 200028 јуни 20002 - 1103'Финале на Европското првенство 20002 јули 20002 - 1104'Осминафинале на Светското првенство 200216 јуни 20022 - 1117'Осминафинале на Светското првенство 200218 јуни 20021 - 097'Четвртфинале на Светското првенство 200222 јуни 20021 - 097'Финале на ФИФА Куп на конфедерации 200329 јуни 2003
Клупски натпревари +Победник ПоразенРезултатМинутаНатпреварДата2 - 1103'Суперкуп на УЕФА 200025 август 20005 - 4117'Финале на Куп на УЕФА 2000-200117 мај 2001
Останати спортови Освен во фудбалот, „Златниот гол“ имал и има примена и во некој други споротви како хокеј на трева, хокеј на мраз, рагби, американски фудбал, бејзбол и др.
Поврзано Гол Сребрен гол Продолженија Изведување пенали
Наводи
Категорија:Фудбалски правила Категорија:Фудбалска терминологија