мини|десно|250п|Лачно заварување мини|десно|250px|Рачно електролачно заварување со обложена електрода е најчестиот облик на електролачно заварување. мини|десно|250px|Заварување со јаглена електрода. мини|десно|250px|Заварување со ТИГ постапка или електролачно заварување со нетоплива електрода у заштити неутралног плина. мини|десно|250px|Опрема за гасно заварување. Боците плин и цевките за довод на плин треба да се чуваат подалеку од пламенот мини|десно|250px|Ковачко заварување е најстариот вид заварување на метал. мини|десно|250px|Опрема за точкесто електроотпорно заварување. мини|десно|250px|Далеку најопасни грешки при изработка на заварени конструкции се пукнатините. мини|десно|250px|Вртежните претворувачи се такви извори на струја за заварување кои струјата од електричната мрежа со помош на електромотор и генератор ја претвораат во струја со одлики погодни за заварување. Иако е ретко во пракса, зад генераторот може да следува исправувачки дел, па на местото на заварување може да се има покрај наизменична и еднонасочна струја. мини|десно|250px|Обложени електроди кои се користат при рачно електролачно заварување. мини|десно|250px|Подводно заварување. 250п|мини|десно|Гасно заварување 250п|мини|Женски работнички заваруваат за време на Втората светска војна. Заварување или швајсување – процес на спојување на два или повеќе метални делови од ист или приближно ист хемиски состав. Со спојувањето се добива нераздвојна врска. Заварувањето се изведува под дејство на топлина, со додавање или понекогаш и без додавање дополнителен материјал и со примена на притисок или без него. При заварувањето се врши локално загревање на рабовите на металните делови кои треба да се спојат (заварат). Загревањето се врши до температура при коа металот преминува од цврста во тестава или течна состојба, што зависи од видот и начинот на заварување. Постојат два вида заварувања: заварување со топење и заварување под притисок.
За заварување може да се користат различни извори на енергија, како што е млаз жешки гасови (гасен пламен или млаз плазма), електричен лак, ток наелектризирани честички (млаз електрони или јони во вакуум), текови зрачењe (ласер), електрична струја (електроотпорно заварување), триење, ултразвук и сл. Заварување може да се извршува во работилница, на отворен простор, во вода или во семирот.
Сè до крајот на 19 век, единствено било познато ковачкото заварување, со кое ковачите со векови го спојувале железото и челикот со греење и удирање со чекан. Електролачното и гасното заварување со кислород биле меѓу првите постапки кои биле развиени во 20 век. После тоа биле развиени многу процеси, а меѓу најзастапените било рачното електролачно заварување. "Povijest zavarivanja", Dr.sc. Ivan Samardžić, izv. prof., Strojarski fakultet u Slavonskom Brodu, 2012.
Историја на заварувањето Историјата на спојување метали започнала пред неколку илјади години, во бронзено и во железно доба, на просторите на денешна Европа и Средниот Исток. Се развило како составен дел на вештините на ковачите, златарите и леарите при изработка на орудија за работа, оружје, садови, накит и градби.
Во средниот век се развило ковачко заварување, при што двата дела кои се спојувале, на ковачки оган, се доведувале до вжарување и ако било потребно, ги посипувале со одреден прав или песок за „чистење”. Со чеканење на спојот се истиснувале растопените оксиди или троска/згура од допирните површини, па се допираат чисти метални површини кога почнува да делува меѓуатомски сили на двата дела и доаѓ до цврст спојж. Најдобрите мечеви од челик во средниот век биле изработувани од нискојагленороден челик (до 0,4% јагленород), а на нивните рабови биле заварувани (со удари со чекан во топла состојба) ленти од високојаглероден челик (од 1,0 до 2,1% С, кои со одредена топлотна обработка давале тврди и остри сечила. Мечеви, врвови на стреластрели и копјекопја, ножеви и друго, кај кои се применувало ковачко заварување, биле познати во Грција, Франкија, Кина, Јапонија, Индонезија, како и во Сирија. Била позната техниката на спојување на ленти од различни водивои железни материјали како „дамаскирање“ (од (од Дамаск, Сирија), а со цел постигнување посебно добри својста за мечеви и пушки.
Во 1802 година, рускиот научник Василиј Петров го истражувал електричен лакелектричниот лак за општа намена и ја предложил примената за заварување."Historical essay on the 200 years of the development of natural sciences in Russia" Во 1882 гоидна рускиот научник Николај Бенардос прв користел електричен лак меѓу јаглеродна електрода и метал, со додавање жица во металната бања. Во 1888 година, рускиот научник Николај Славјанов предложил постапка на електролачно заварување со метална електрода. Во 1895 година почнува да се користи и алуминотермиско заварување колосеци и за поправка на одливки.Во исто време првпат се заварува со гасен пламеник, кој користел кислород и водород. Подоцна се развило гасното заварување со кислород-ацетиленски (O2 + C2H2) пламен.
Во 1907 година, шведски научник прв патентира и применува обложена електрода. Обложена електрода се произведувала со потопување на гола жица во раствор од минерали, а од 1936 година, облогата се нанесувала сп екструдирање. Од 1925 година почнало заварување во заштитна атмосфера на водород, а подоцна се преминало на аргон и хелиум. Од 1930 година се применувало автоматско заварување под прашок во бродоградба во САД.
Пред, а посебно после Втората светска војна, почнал развој и примена на заварување во заштитен гас - заварување со ТИГ поступка. Заварување со МИГ поступка почнала да се применува од 1948, а од 1953година во Советскиот Сојуз почнало да се применува заварување со МИГ поступка со CO2 заштитен активен плин. Ладно заварување под притисок се применува од 1948 година.
После 1950 година се развиле многу нови постапки како што се: заварување под троска (1951), заварување со триење (1956), заварување со сноп електрони (1957), заварување со ултразвук (1960), заварување со ласер (1960), заварување со плазма (1961) и други. "Diffusion Bonding of Materials" Kazakov N.F., 1985., publisher=University of Cambridge
Првот заварувата и топлинско режење во семирот било изведено во 1969 година на советскиот семирски брод Сојуз 6. Во 1932 година во Русија, Константин Хренов прв успешно применил подводно електролачно заварување.
Постапки на заварување Вообичаен основна поделба на постапките за заварување е заварување со делување на притисок и постапки на заварување со топење. Заварување со делување на притисок е спојувањет метални делови под притисок, без или со локално ограничено загревање, главно без користења додатен материјал. Заварување со топење е спојување метални делови во растопена состојба на местото на спојување, со или без користење на додатен материјал, без делување на притисок или удари.
Постапки на заварување со топење Заварување со топење е спојување метални делови во растопена состојба на местото на спојување, со или без користење на додатен материјал, без делување на притисок или удари. Во таа група спаѓаат: ливно заварување, термитно заварување (алуминотермиско заварување), заварување со плински пламен или гасно заварување, заварување под троска, заварување со електричен лак или електролачно заварување (рачно електролачно заварување, заварување со МИГ постапка, заварување со МАГ постапка, заварување под прашок, заварување со ТИГ постапка, полумеханизирано заварување со обложени електроди), магнетно заварување или заварување со магнетно придвижуван електричен лак, заварување со плазматски лак или заварување со плазма, заварување со електронски снопом, заварување со ласерски сноп, ултразвучно заварување, заварување со сноп светлосно зрачења и друго.
Електролачно заварување
Електролачното заварување е еден од најчесто употребувани начини на заварување во пракса. Извор на енергија за заварување е електричен лак. Делот кој се заварува обично е плоскат, додека електродата е стапчеста. Ако електродата не се топи (јаглеродна, волфрамова), може да се заварува без или со додавањет материјал. При заварување со топлива електрода, таа воедно е додатен материјал (обично истороден со основниот материјал кој се заварува).
При заварување со топлива електрода, таа воедно е додатен материјал (обично истороден со основниот материјал кој се заварува). Електродите за заварување може да бидат голи (јаглена или метална прачка, жица или лента), обложени (метални јадра, а облога минерален материјал) или полнети (минерални јадра и метални облоги) или некои други облици. Додатните материјали и електродите за електролачно заварување (и други начини на заварување) се стандардизирани за поедини начини заварување и спрема видот на основниот материјал. Подготовката, односно облиците на допирните површини кои се заваруваат и нивните рабови, е стандардизирана за за поедини начини заварување и спрема видот на основниот материјал.
Електричниот лак претставува стабилно електрично празнење, односно насочено движење на електроните низ јонизиран гас. Гасот е јонизиран кога во него постојата електрони и јони кои со насочено движење овозможуваат проток на струја. Кај рачното електролачно заварување, електричниот лак се воспоставува со кратко спојување, односно со допир на електродата на основниот материјал (метал). Заради микроскопските нерамнини на допирните површини на електродата и основниот материјал се воспоставува проток на струја низ исклучително мала контактна површина, при што густината на струјата е многу голема, па основниот и додатниот материјал (електродата) се топат скоро моментално, а делумно дури и испаруваат. После неколку моменти електродата се одвојува од основниот материјал, а тогаш под дејство на јакото електрично поле, створено со напонот на празен од (изворот на струја е вклучен, но струјното коло не е повеќе затворено), атомите на настанатите метални испарувања (пареа) ги губат своите електрони кои ги привлекува анодата (позитивната електрода), додека преостанатите делови на атомите, односно новонастанатите позитивни јоини ги привлекува катодата (негативната електрода). Истовремено доаѓа до топлинска јонизација, кога катодата почнува со голема брзина да емитува електрони кон анодата. Емитираните електрони се судираат со околните атоми и молекули, што предизвикува ослободување на нови електрони и создавање на нови јоини, чие насочено движење го одржува електричниот лак. За тоа време електродата се оддалечува од основниот материјал на доволно растојани, погодно за заварување, со што процесот на воспоставување на електричен во целост е завршен и воспоставена е стабилна состојба во колото кое го сочинуваат изворот на струја, електродата, електричниот лак и основниот материјал. Температурата во електричниот лак при постапка на рачно електрично заварување достигнува околу шест илјади °C, односно околу 4200 степени на анодата (на основниот материјал) и околу 3600 степени на катодата (додатниот материјал, т.е. електродата).
Рачно електролачно заварување