Трикладенец — населба од доцноантичко време кај пробиштипското село Горни Стубол. На 3 км западно од селото, на тромеѓата помеѓу селата Секулица, Горни Стубол и Горно Барбарево, мештаните изградиле три кладенци, по еден за секое село. Околу нив на прилично голема површина се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според кажувањето, биле откривани остатоци од темели на ѕидови и притоа биле најдени повеќе бронзени монети.
Поврзано Горни Стубол; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско;
Наводи
Категорија:Горни Стубол