Западно Каванго (Kavango West) е еден од четиринасетте региони во Намибија. Административен центар на регионот е Нкуренкуру. Овој регион бил создаден во 2013 година, со поделбата на поранешниот регион Каванго на два дела: Источно Каванго и Западно Каванго.

Географија На север регионот се граничи со Ангола, поточно со покраината Куандо Кубанго. Источно се граничи со регионот Источно Каванго, јужно со Очозондјупа, западно со Ошикото и северозападно со Охангвена.

Овој регион, за разлика од голем дел од Намибија, е релативно повлажен и има пообилни врнежни во текот на годината. Поради тоа, регионот е погоден за развој на земјоделието, стопанисување со шуми и слични активности.

Административна поделба Регионот е поделен на осум административни единици: Капако Манкумпи Мпунгу Мусесе Нкамангоро Нкункуни Нкуренкуру Тондоро

Население Регионот не е подеднакво населен. Внатрешноста на регионот е слабо населена, а северниот дел покрај реката Каванго има висока стапка на населеност.

Наводи

Надворешни врски

Контакт-информации за Западно Каванго Вести за Западно Каванго на националниот сервис.

Категорија:Западно Каванго Категорија:Држави и територии настанати во 2013 година