Основно училиште „Дедо Лазор Циркоски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Дедо Лазор Циркоски“ - Враништа; скратено: ПООУ „Дедо Лазор Циркоски“) — подрачно основно училиште во селото Враништа. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Враништа и претставува дел од основното училиште „Јосип Броз Тито“ од градот Струга.
Училиштето во минатото го носело истото име како и централното училиште во градот Струга, односно се нарекувало ОУ „Јосип Броз Тито“ - Враништа.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на регионалниот пат кој минува низ Враништа.
Историја
Училиштето добило нова современа училишна зграда во 1996 година.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Категорија:Враништа Враништа