Основно училиште „Јосип Броз Тито“ (официјално: Основно општинско училиште „Јосип Броз Тито“ - Струга; скратено: ООУ „Јосип Броз Тито“) — централно основно училиште во градот Струга, Општина Струга.
Училиштето е именувано по југословенскиот државник и претседател Јосип Броз Тито.
Историја
Училиштето започнала со работа во 1964 година откако било создадено со решение на Собранието на Општина Струга.
Во 1978 година, централното училиште во Струга добило нова училишна зграда.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во 51 паралелка.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Дедо Лазор Циркоски“ - Враништа, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Јонче Крежески“ - Мислешево, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Димитар Влахов“ - Радожда, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Струга Категорија:Основни училишта во Струга Категорија:Основни училишта во Македонија