Мирко Ѓошевски (роден на година во Студена Бара) — македонски универзитетски професор, филозоф.

Ѓошевски дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1973). Магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1987), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целиот работен век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што станал редовен професор (од 2005). Бил раководител на Советот на постдипломски студии на Институтот за филозофија, секретар на Филозофското друштво на Македонија, член на Редакцијата на „Филозофија”. Објавил педесетина статии, студии и критички осврти од областа на својот потесен филозофски интерес и професионален ангажман: теорија на познанието, епистемологија и онтологија. Неговиот филозофски опус е критичка синтеза на принципите на марксистичката филозофија, достигнувањата на модерната наука и дострелите на современата епистемолошка мисла).

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски филозофи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски филозофи Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје