Ѓорѓи Зафироски (роден на година во Долна Бањица) — македонски ортопед, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 1996 година.

Зафироски дипломирал медицина во Скопје (1969), каде што и магистрирал (1981), а докторирал во Белград за процената на вредноста на моделот на злоќудните коскени тумори (1984). Се усовршувал во Данска, Шведска, Финска, САД и во Јапонија. Бил директор на Клиниката за ортопедија (1997-2002). Вовел примена на сметачка евалуација, дијагностика и терапија на коскените тумори со реконструктивни хируршки методи во лекувањето на туморите и ја вовел криохирургијата во спасувачките оперативни зафати. Работел опитно пресадување на автогена коскена срцевина. Објавил над 160 трудови. Член е на бројни национални и меѓународни стручни здруженија. Од 2010 година работи во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“.

Наводи

Категорија:Луѓе од Долна Бањица Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски лекари