Делвина Крлуку (Delvina KËRLUKU)е поетеса, публицист и есеистичар. Живее и работи во Скопје.
Животопис Делвина Крлуку е родена на 21 февруари 1985 година во Дебар, каде што завршува средно образование. Дипломирала на Економски факултет на Универзитет на Југоисточна Европа и магистрирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Предавала на ДУТ и Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје. Била Претседател е на Друштвото за наука и култура “Јосиф Багери”. Член е на Друштво на писатели на Македоноја (член е на Претседателството на ДПМ) и на Друштво на писатели Албанци во Македонија. Работи како новинар во дневникот Коха (Време), исто така е уредник на списанието Стожер.
Книжевна дејност Досега ги објавила стихозбирките:
Муза, Трага, Алтар, Граблив сон, Стих од Роса, Заливи на осамата, Преговор на нашите денови (раскази), Татко ми и Титовите кученца (публицистика), Побледен надеж (книжевни репортажа), Различни со...(интервјуа)
Учестува на повеќе културни и научни средби во земјава и надвор од неа. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија и нејзините дела се преведени на повеќе јазици.
Награди
“Книжевно дело“ за стихозбирката “Стих од Роза“; на поетски фестивал во Призрен (Косово);
“Специјалната Награда” на балканскиот поетски фестивал во Корча – (Албанија);
Награда “Поетски бран”, меѓународен фестивал – Струга;
Наградата „Книжевен мост”,на ДПМ за стихозбирката “Заливи на осамата”, во Р Македонија;
Награда „Абдулзис Ислами„ од Сојуз на литературни преведувачи на Северна Македонија и Признанија, за придонес кон уметноста и културата од Националната Галерија на Р.Северна Македонија, во 2018.
Поврзано
Вера Крлуку
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Родени во Дебар Категорија:Албански писатели