Дефово Градиште — археолошко наоѓалиште во близина на виничкото село Крушево. Се наоѓа на 1 км источно од селото, на височина којашто се издига на десниот брег од Железничка Река. На зарамнето тло со големини од 150 × 50 м се забележува големо количество на расфрлен градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и тули), како и фрагменти од керамички садови. Бедемот којшто во минатото го окружувал градиштето е зачуван на неколку места во темелите.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Виничко

Наводи