Иван Иваниќ (роден во година во Бачко Градиште) — српски правник, дипломат и публицист.
Животопис
Иван Иваниќ дипломирал на Правниот факултет во Будимпешта. Бил српски вицеконзул во Битола (1899) и извесен период секретар на српскиот конзулат во Солун. Во времето на Втората балканска војна (1913) бил службеник во военото Прес-биро на српската Врховна команда во Скопје. Работел како уредник на повеќе весници. Во своите теренски записи презентира значајни (но не секогаш веродостојни) материјали и фактографски податоци за минатото на Македонија.
Наводи
Категорија:Српски публицисти Категорија:Српски дипломати Категорија:Конзули Категорија:Починати во 1935 година Категорија:Починати во Белград