Аквитанска Галија () била римска провинција.
Провинцијата е основана во 27 година п.н.е.и постоела до 5 век.
Името го добило по келтското племе Аквитании, кое живеело на брегот на Атлантикот помеѓу Пиринеите и реката Лоара.
Освоена била во 56 година п.н.е. од Публиус Личиниус Красус легат на VII легионGallia Aquitania (la Gaule aquitaine).
Во почетокот, главниот град бил Медиоланум Сантонум денешен Сент, а подоцна и Бурдигала денешниот Бордо.
Аквитанска Галија добила статус на империјална провинција во која биле вклучени областите помеѓу реката Лоара и Пиринеите. Според административната реформа на Диоклецијан (284-305) била поделена на на 3 провинции.
За време на распадот на Римското Царство, Аквитанска Галија била доделена од императорот Хонориј на Визиготите и откако добила статус на федерацја, го основала во 418 година првото варварско царство на територијата на Западното Римско Царство, кое подоцна прераснало во Царството на Визиготите со центар во ТоледоGallia Aquitania var en provins i Romerriket.
Наводи
Категорија:Историски области Категорија:Римски провинции Категорија:Престаноци во 5 век