мини|300x300пкс| Римските провинции во Мала Азија под Трајан, вклучувајќи ја и Галатија Галатија е името на провинцијата на Римската Империја во Анадолија (денешна средишна Турција). Основана била од првиот император Август (самостојно владеел 30 п.н.е. - 14 н.е.), во 25 п.н.е., опфаќајќи го поголемиот дел од некогашната независна Келтска Галатија, со главен град на Анкира.

Според тетрархиските реформи на Диоклецијан, нејзините северни и јужни делови биле поделени за да го створат јужниот дел на провинцијата Пафлагонија и провинцијата Ликаонија, редоследно.

Во ок. 398 година, за време на владеењето на Аркадиј, таа била поделена на провинциите Прва Галатија (Галатија Прима) и Втора Галатија (Галатија Секунда) или Салутарис. Прва Галатија го покривала североисточниот дел на старата провинција, задржувајќи ја Анкира како главен град и била водена од конзулар. Салутарис ја сочинувала југозападната половина од старата провинција и била предводена од пресиди, со седиште во Песинунт. И двете провинции биле дел од Диецезата Понт. Провинциите биле кратко обединети во 536-548 година под Јустинијан I. Иако подрачјето на крајот било вметнато во новата тема Анадолија во втората половина на VII век, трагите од старата провинциска администрација преживеала до почетокот на 8 век.

Управници (Список заснован на Бернар Реми, Les carrières sénatoriales dans les provains romaines d'Anatolie au Haut-Empire (31 av. Ј.- Ц. - 284 апр. Ј- Ц.) (Истанбул: Institut Français d'Études Anatoliennes-Georges Dumézil, 1989).)

Прва организација на провинцијата Галатија

Марк Лолиј 25 - 22 п.н.е. Лукиј Калпурниј Писо Понтифекс 14 - 13 п.н.е. Корнут Аквила 6 п.н.е. Публиј Сулпициј Квириниј 5 - 3 п.н.е. Марк Сервилиј Нонијан 3 н.е. Марк Плавтиј Силван 6 - 7 Секст Сотидиј Страбон Либускидијан 13 - 16 Приск ок. 16 - 20 или 21 Метилиј ок. 20 - 25 или 21 - 26 Фронтон ок. 25 - 29 или 26 - 30 Силван ок. 29 - 33 или 30 - 34 Тит Хелвиј Васила ок. 33 до ок. 37 Марк Аниј Африн 49 - 54 Квинт Петрониј Умбрин 54 - 55 Лукиј Нониус Калпурниј Торкват Аспрен 68 - 70

(Помеѓу 70 и 111 година н.е. Галатија била комбинирана со Кападокија.)

Втора организација на провинцијата Галатија

Лукиј Каесаниј Сосп 111 - 114 Гај Јулиј Квадрат Бас ок. 114 Лукиј Катилиј Север 114 - 117? Лукиј Косониј Гал 117 - 119 Аул Ларкиј Македо 119 - 122 Гај Требиј Сергејан ок. 127 - 130 Јулиј Сатурнин ок. 130 - 136 Гај Јулиј Скапула ок. 136 - 139 Лукиј Фулвиј Рустик Аемилиј Помеѓу 131 и 161 Корнелиј [Декс]тер ок. 156 - 159 или 157 - 160 Публиј Јувентиј Келс 161–163 Лукиј Фуфидиј Полион 163 - 165 Тит Ликиниј Мукијан ок. 175 - 177 Лукиј Саевин Прокул ок. 177 - 180 Лукиј Фабиј Килон ок. 190 - 197 [. . . ] Валеријан [...] нин ок. 194 - 197 Лукиј Петрониј Вер 197/198 Гај Атик Норбан Страбон 198-ок. 201 Публија Каекилиј Урбик Аемилијан ок. 205 - 208 Публиј Алфиј Максим ок. 183 - 185 или 213 - 215 Лукиј Егнатиј Виктор Лолијан ок. 215 - 218 Публиј Плотиј Роман в. 218 - 221 Лукиј Јулиј Апрониј Маениј Пиј Саламалијан ок. 221 - 224 Квинт Арадиј Руфин Оптат Аелијан ок. 224 - 227 Квинт Сервеј Фуск Корнелијан ок. 229 - 230 Марк Домициј Валеријан ок. 230 - 232 Аврелиј Василеј ок. 227 - 229 или 232 - 235 Марк Јуниј Валериј Непотијан 250 Миникиј Флорентиј после 250

Црковна администрација Според каноните на Халкидонскиот собор (451) и Синекдемот на Хиерокле (околу 531), провинцијата Прва Галатија ја имала Анкира како нејзино митрополитско седиште, со шест епископски седишта: Тавиум, Аспона, Кина, Лаганија или Анастасиопол, Мнизос и Јулиопол.

Според каноните на Халкидонскиот собор и Синекдемот, провинцијата Втора Галатија го имала Песинунт како свое митрополитско седиште, со осум епископски седишта: Оркистос, Петинесос, Амориум, Кланеос (отсутен во Халкедон), Трокнадис, Евдокија, Мирика и Герма или Миријангелон. Песинунт паднал во распаѓање кога Јустинијанопол бил основан во средината на 6 век и на крајот тука бил префрлен митрополитското седиште, додека ја задржувал својата титула.

Наводи

Извори

Категорија:Римски провинции во Анадолија Категорија:Покраини на Византија Категорија:CS1-одржување: ref=harv Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Статии со текст на старогрчки Категорија:Провинции на Римското Царство