Бранко Панов (, – , ) – македонски историчар и универзитетски професор. Тој бил втемелувач на современата македонска медиевистика и основоположник на македонската византологија.
Животопис Бранко Панов бил роден во Струмица на 22 март 1932 година. Основно и средно образование завршил во родниот град, потоа дипломирал (1955) и докторирал на Филозофскиот факултет – група Историја во Скопје (1955). Бил долгогодишен професор по Историја на Византија и по Историја на македонскиот народ – среден век на Филозофскиот факултет во Скопје (1976–1997). Низа учебни години бил професор и на студентите по географија, етнологија и новинарство и на постдипломските студии на Природно-математичкиот и Правниот факултет во Скопје. Учествувал на голем број научни собири во земјата и странство – Атина, Букурешт, Вашингтон, Виена, Копенхаген, Краков, Москва, Нитра, Салцбург и Регенсбург. Бил главен и одговорен уредник на списанието „Историја“, претседател на Управниот одбор, претседател на Советот, раководител на Советот на последипломските студии и раководител на ННСГ за историја на Филозофскиот факултет, член на Југословенскиот византолошки комитет и прв претседател на Собранието на Македонско-украинското друштво за културна соработка.
Творештво Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје, 1971; Средновековна Македонија, т. Ⅱ и Ⅲ, Скопје, 1985 Охрид и Охридско низ историјата, кн. I, Охрид, 1985 (соавтор); Македонија низ историјата, Скопје, 1999; Историја на македонскиот народ, т. I, Скопје, 2000 (соавтор и уредник).
Автор е на повеќе учебници и прирачници за основното и средното образование.
Статии
Наводи
Категорија:Македонски медиевисти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски уредници Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“ Категорија:Медиевисти