Градиште-Чукар — градиште од доцноантичкото време кај кратовското село Горно Кратово. На 2 км од месноста Грамади се издига висок и тешко пристапен рид. На самиот врв има прилично добро зачувани остатоци од бедем што оградувал простор од 50 × 50 м, ѕидан од камен и варов малтер, широк 1,50 м. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Горно Кратово; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско;

Наводи

Категорија:Горно Кратово