Симон Узуновски (, - , ) — македонски уметник и сценограф Симон Узуновски.

Животопис

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1979). Бил еден од пионерите на уметничките интерактивни инсталации во Македонија исто така бил активен на сцената речиси 50 години, а повеќе години живеел и работел Капри (остров).

Творештво Во 70-тите години прв ги користел во алтернативни простори техниките на асамблаж, колаж и инсталација.

Со евтини и краткотрајни материјали (селотејп, плексиглас, весници) создавал дела со процесуален и интерактивен карактер (серијата „Тркалајќи“, 1976; „Галичица “, 1976, „Човек и птица“,колажи од циклусот „Ливада“ и објектот „Преспа “)

Неговото творештво на островот Капри, Италија бил втора линија во неговиот израз. Неговите мотиви биле концентрирани кон главните урбани знаци на местото што, барем во неговото сликарско творештво, со нивната повторливост и упорност во изнаоѓањето на нови мали елементи на новата варијација на основната визура, од нив создаваат мал мит за просторот преку дела изведени на платно со маслени бои.

Изработил околу 15 забележливи и наградувани тетатарски сценографии во соавторство со сценографот Крсте ЏидровСИМОН УЗУНОВСКИ, ПИОНЕР НА ИНТЕРАКТИВНИТЕ ИНСТАЛАЦИИ.

Наводи

Категорија:Македонски уметници Категорија:Македонски сценографи