Крапови — семејство на слатководни риби, колективно наречени циприниди, во кои спаѓа крапот и неговите роднини. Краповите се најголемото и најразновидното семејство риби и најголемото семејство на ’рбетници во целина, со околу 3.000 видови, поделени на околу 370 родови. Тие се движат од околу 12 mm до 3 m во должина (Catlocarpio siamensis).Fishbase-Catlocarpio-siamensis Семејството припаѓа на остариофизискиот ред Краповидни, од чии родови и видови ципринидите сочинуваат повеќе од две третини. Името на семејството потекнува од старогрчкиот збор кипринос (κυπρῖνος, „крап“).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Риби на Европа Категорија:Риби на Азија Категорија:Крапови Категорија:Риби на Македонија