Киро Камберски (роден на година во Владимирово) — македонски педагог и универзитетски професор.

Животопис

Камберски завршил учителска школа во Штип (1961), педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1966), магистерски студии на Универзитетот во Белград (1980), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992).

Работел како учител, воспитувач и младински раководител (1965– 1971). Најголемиот дел од работниот век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје (1971– 2004), каде што ја изведувал наставата по предметите: Општа историја на педагогијата, Историја на педагогијата на Македонија и Компаративна педагогија. Бил продекан на Филозофскиот факултет, раководител на Институтот за педагогија и на студиите по дефектологија, член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, главен и одговорен уредник на (в.) „Годишниот зборник на Универзитетот”, главен и одговорен уредник на списанието „Педагогија”, претседател на Советот на (в.) Педагошкиот музеј на Македонија и др.

Предмет на неговите научни проучувања се образованието и педагошката мисла во Македонија од крајот на XIX в., а особено по нејзиното ослободување. Автор е на околу 200 научни и стручни трудови. БИБ.: Од буквар до универзитет, 1994; Соавтор и уредник на книгите: 50 години Филозофски факултет – Скопје, 1996; Општествената транзиција и образованието, 1998; Предучилишното и основното образование во Република Македонија итн.

Наводи

Надворешни врски Киро Камберски на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Луѓе од Владимирово Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски педагози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје