Црквиште — археолошко наоѓалиште во селото Требеништа во областа Дебрца. Претставува црква од среден векДебрца.
Се наоѓа на околу 3 км источно од селото, јужно од меѓуселскиот пат Требеништа - Ливоишта, на долгунесто ритче што се спушта како јазик во котлината по која поминува споменатиот пат. На простор од 18 × 14 м е откриена градба, најверојатно сакрален објект од развиениот среден век. На просторот е присутна покривнаи градежна керамика. (В.М., П.К.)Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Алистрати — средновековна црква и некропола; Дере - Кај Чешмата — населба од бронзеното време; Забрдо — населба од железното време, населба и некропола од хеленистичкото и римското време и населба од раниот Среден век; Св. Мартинија — старохристијански сакрален објект; Требенишко кале — утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото и римското време; Црква — раносредновековна некропола; Црквиште — средновековна црква; Требеништа — античка некропола; Требеништа; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Требеништа