Ѓорѓи Малковски (роден на година во Титов Велес) — македонски историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје.
Животопис
Основно училиште и гимназија завршил во родниот град (1976), а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група историја (1. Ⅹ 1980), каде што и магистрирал со темата „Дејноста на бугарската профашистичка организација Браниик во Македонија 1941-1944 година“ (7. Ⅲ 1989) и докторирал со темата „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941-1944 година“ (декември 1994). Од 1 октомври 1981 година, тој работел во Институтот за национална историја во Скопје како истражувач на Македонија во времето на Втората светска војна. Автор е на поголем број монографски трудови.
Библиографија Велес и Велешко во Народноослободителната војна 1941–1945. Спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко, Титов Велес, 1985 (соавтор) Монополот во Велес 1919–1945 година, Титов Велес, 1988 Борба за слобода, Титов Велес, 1989 Свети Николе и Светиниколско од 1912 до 1945 година, Свети Николе, 1990 Живееја, се бореа и загинаа во виорот на Револуцијата 1941–1945, Спомен книга на загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор од Свети Николе и Светиниколско, Свети Николе, 1990 (соавтор) Бугарската фашистичка организација „Браник“ во Македонија (1941–1944), Скопје, 1992 Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941– 1944, Скопје, 1995 Крива Паланка и Кривопаланечко низ историјата, Крива Паланка, 1996 (соавтор) Виница и Виничко, Виница, 1998 Демир Капија, Демир Капија, 1998 Националното движење во Велес од 1919 до 1931 година, Велес, 1998 Јовче Џипунов и неговата активност од 1919 до 1931 година, Велес, 1998 (соавтор) Трајко Андреев–Петкановски 1919-1943, Велес, 1998 (соавтор) Долна Бањица – Асаги Баница е Поштме, Кочани, 2000 Чашка низ историјата, Чашка, 2001 Општина Зелениково, Зелениково, 2001 Балисти, Скопје, 2002 Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941-1944 година, Скопје, 2002 Горно Лисиче - Скопско, Скопје, 2002 Кисела Вода во Втората светска војна 1941-1944 година, Скопје, 2003 Бунтот на моторизираниот пешадиски баталјон од Кривопаланечко, 2018
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје