Драган Михајлов (роден на година во , ) — македонски професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.
Животопис
Драган Михајлов е роден во 1949 во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1973 и 1975 година, а докторирал на Електротехничкиот факултет во Љубљана во 1979 година. Во периодот од 1973 до 1983 година работел во Математичкиот институт со нумерички центар при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде во 1982 година бил избран за доцент. На Електротехничкиот факултет во Скопје се вработил во 1983 како доцент. Во звањата вонреден и редовен професор бил избран во 1987 и 1992 година.
Во текот на својата работа имал повеќемесечни студиски престои на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1974 година, на Електротехничкиот факултет во Љубљана во 1978 и на Одделот за биоматематика на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес во учебната 1984-1985 година. Држел настава по разни предмети од областите на интерес на додипломски и магистерски студии на повеќе факултети (Природно-математички факултет, Воена академија, Медицински факултет, Факултет за физичка култура, Факултет за драмски уметности, Институт за социолошки и политичко правни истражувања).
Михајлов е автор и соавтор е на повеќе од 150 трудови објавени на меѓународни конференции и списанија. Раководел и учествувал во повеќе научно-истражувачки и стручни проекти. Награден е за најдобар труд по биокибернетика на Југословенската конференција за ЕТАН. Области на неговиот интерес се: програмирање, апликативен софтвер, компјутерска графика, мултимедија и биокибернетика.
Наводи
Категорија:Македонски електроинженери Категорија:Македонски универзитетски професори