Пилав Тепе — археолошко наоѓалиште во штипското село Шопур. Претставува градиште од неолитско време и римско време.

Лево од патот Штип - Радовиш, помеѓу дваесет и првиот и дваесет и четвртиот километар се издига високиот рид во облик на конус наречен Пилав Тепе, опкружен од сите страни со стрмни падини, на кој се забележуваат остатоци од мал акропол, од II-IV век. Во подножјето на една од падините, што се спушта кон десниот брег на Лакавица, има зарамнето плато на кое се среќаваат фрагменти од неолитски керамички садови.

Поврзано Ѕидини — средновековна населба; Логур — средновековна некропола; Мадемска Река — рудник од римското време; Манастириште — средновековна црква и некропола; Пилав Тепе — населба од неолитското време и градиште од римското време; Шопур; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Шопур