Пуручуко (шпански: Puruchucu, кечуански: Puruchuqu) е археолошки локалитет во Перу. Пуручуко бил административен центар на Тавантинсују во периодот од 1438 до 1533 година. Денес наоѓалиштето се наоѓа во округот Аре во Лима.

Историја Изградбата на овој комплекс е покрената од Империјата на Инките (Тавантинсују). Пуручуко се наоѓа во секторот Уакеронес, место кое има пирамидални структури каде се наоѓаат едини од најголемите гробни места во Империјата на Инките.

Наоѓалиштето бил откриен од Артуро Хименес Борха во периодот од 1959 до 1961 година. Денес на наоѓалиштето има музеј,Museo de Sitio Puruchuco кој е прв туристички модел од овој вид во Јужна Америка.

Голем дел од објектите се вандализирани, а голем дел градежни компании оштетуваат и околни археолошки наоѓалишта.

Наводи

Надворешни врски

Пуручуко, на страницата на „Археологија на Перу“.

Категорија:Згради и градби во Лима Категорија:Археолошки наоѓалишта во Перу