Авлиите — археолошко наоѓалиште во штипското село Руљак. Претставува доцноантичка некропола. На работ на селото, од источната страна има стрмна ридска падина со обработлива нива во која биле откриени гробови без конструкции, со инхумирани покојници. Во некои од нив имало сребрени предмети, со можност да биле накит, кои не се зачувани.

Поврзано Голо Брдо — доцноантичка населба; Градиште — средновековна црква; Крушите — доцноантичка населба; Руљак; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи