Анде Јанков (р. во Велес, 5 јуни 1988) — македонски писател (романописец и писател). Живее и работи во Велес.
Биографија Анде Јанков основно образование завршува во ООУ „Блаже Конески“ а средно училиште во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес. Студирањето го продолжува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија каде дипломирал на Економски факултет - Скопје во 2012 година. Со своето творештво се вбројува меѓу првите водечки македонски писатели во крими жанрот, чии дела ги прошируваат границите на современата македонска жанровска литература. Љубовта кон пишаниот збор ја негува од својата најрана младост. Активно се занимава со пишување од 2015 година. Член на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Настапува на повеќе културни настани со поетски читања во Велес и во Република Македонија.
Творештво Јанков пишува романи, сценарија, а се занимава и со книжевна критика. Основач е на книжевниот поткаст „Книжевни разговори''.
Романи: Едно лето на Крит - Култура - (2016), Серијал: Виктор Николов Виенски гамбит - Антолог - (2020), Сигурен ризик - Антолог - (2021). Само Бог простува - Антолог - (2022). Кобајаши Мару - Антолог - (2024).
Награди и признанија За своето книжевно творештво, Јанков е добитник на наградите: прва награда за најдобар деби-роман во издание на издавачката куќа „Култура“ - Скопје, за романот Едно лето на Крит - (2015),
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1988 година