Основно училиште „Маршал Тито“ (официјално: Основно општинско училиште „Маршал Тито“ - Струмица; скратено: ООУ „Маршал Тито“) — централно основно училиште во градот Струмица, Општина Струмица.

Училиштето е именувано по југословенскиот државник и претседател Јосип Броз Тито.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик. Наставата на турски јазик се изведува само од прво до петто одделение во матичното (централно) училиште.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Маршал Тито“ - Рич, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Маршал Тито“ - Попчево, подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Струмица Струмица Категорија:Основни училишта во Струмица Категорија:Основни училишта во Македонија