Лоик Перен (роден на 7 август 1985 година, во Сент Етјен) — француски поранешен фудбалер, .

Тој ја поминал целата своја кариера во екипата од неговиот роден град, , за која настапувал во периодот 2003-2020. Перен одиграл вкупно 470 натпревари за зелените, со кои во моментов го држи третото место по бројот на настапи за клубот.

Клупска кариера Перен се приклучил во младинските категории на на 12 годишна возраст, во 1997 година. Своето деби за првиот тим го направил на 15 август 2003 година, во натпреварот од Лига 2 против , влегувајќи од клупата за резерви на местото на Стефан Ернандес. Во неговата дебитантска сезона одиграл 7 натпревари за првиот тим помагајќи Сент Етјен да се врати во Лига 1.

Својот прв гол во кариерата го постигнал на 1 октомври 2005 година, против Ле Ман, со што придонел за победа на неговиот тим (3-0).

Од сезоната 2012-2013, тој бил капитен на Сент Етјен сè до завршувањето на кариерата. Својот последен настап го имал во финалето на Купот на Франција, загубено од со 1-0; Перен го започнал натпреварот во почетната постава на Сент-Етјен, меѓутоа по само 31-минута бил исклучен со директен црвен картон за опасен старт над Килијан Мбапе.

Со вкупно 470 настапи за Сент-Етјен, Перен е трет на списокот по бројот на настапи за клубот и се наоѓа единствено зад Рене Доминго и Рене Ербен.

Репрезентативна кариера Перен има 4 настапи за француската репрезентација под 21 година во периодот 2004-2005.

Тој бил повикан неколкупати во сениорската репрезентација од селекторот Дидје Дешан, но никогаш не одиграл натпревар.

Титули Сент Етјен Лига куп на Франција : 1 2012-2013

Наводи

Надворешни врски

Лоик Перен на soccerway Лоик Перен на transfermarkt

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сент Етјен Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година