Селиште — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Давидово. Претставува населба од доцната антика. На 1 км западно од селото, во нивите на Ѓ. Попов и во околните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови и грамади од градежен материјал. Видливи се и темели од повеќе објекти.

Поврзано Брест — населба од доцноантичко време; Варијанта — населба и некропола од доцноантичкото време; Градиште — населба од римското време; Гробишта - Река — доцноантичка некропола; Селиште — доцноантичка населба; Давидово; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Давидово