мини|десно|Споменикот на Анте Поповски во Лазарополе Награда „Антев златник“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик. Наградата е востановена во чест на поетот Анте Поповски.
Награда Наградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ и се состои од златник со ликот на поетот Анте Поповски. Истата се доделува секогаш кога комисијата ќе констатира висок квалитет на пристигнатите ракописи. Бројот на добитниците е двајца (освен во ретки исклучоци, тројца) во една година. Добитниците на оваа награда, како и добитникот на „Антево перо“ имаат рамноправен статус на ексклузивни учесници на манифестацијата.
Историјат Наградата „Антев златник“ била востановена во 2019 година, за необјавена поетска книга (поетски ракопис), имајќи ја предвид извонредно квалитетната поетска продукција пристигната на конкурсот за наградата „Антево перо“. На конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик.
Досегашни добитници на „Антев златник“ ГодинаДобитникКнига поезија2019Михајло СвидерскиСузана В. СпасовскаГранициЈазикот на светлината2020Владимир МартиновскиЗоран ПејковскиЖив(отн)и песниОстров во окото2021Елизабета БаковскаДимитар АранаудовСите болки станаа моиЅвезден часовник2022Виолета Танчева ЗлатеваСлавица Гаџова СвидерскаГлуво времеGolgotha Feminarum2023Милена СиљаноскаАлександра СпасескаБолопаданиеКоординати на болката2024Пепи СтамковТони ПоповИрена Бабамова СтојчеваСобрани остатоци од светотМи се чини дека некаде слушнав детеСивка: Геометрија на болката2025Владо ЈаневскиАнета Велкоска ОдаМолкозборКаде се пресоблекува непостојаниот збор2026Ерол ТуфанЕмељ ТунаМилош СоколиќНедовршени песниАнатомија на бршленотИме во идно време
Наводи
Категорија:Македонски литературни награди Категорија:Македонски награди