Крагуево (се среќава и како Крагуј) — историско село на територијата на Општина Демир Хисар, денес во крајниот источен атар на Стругово.
Географија Крагуево се наоѓало во областа Долни Железник, меѓу селата Мургашево (денес дел од Д. Хисар) на североисток и Стругово на југозапад, Кутретино на исток и Загориче на југ. Низ селото поминувала река која била притока на Црна
Историја Името на селото доаѓа од ловџискиот сокол наречен крагуј. Според месното предание, наречено е според карпата под која извирала селската река се собирале крагуи за да ја преспијат зимата.
Селото било тимар на извесен Ахмед, син на Ќучук Рахман и имал повластица (берат) од пашата. Во 1468 г. селото плаќало 1.035 акчиња, од кои 320 за пченица; 200 за ’рж и јачмен, како и за лен, свињи, ушур за лозје; за бостан, за воденици, за свадбарина и најмногу за испенџе — 381 акче.
Селото се спомнува во 1568 г. со следниве машки жители: Лазар, син на Радослав; Дапко, син на Братослав; Станиша, син на Добре; Тале, син на Димитри; Димко, брат на Станиша; Васил; Петко, брат на Добре; Стефан Петко; Панчо, син на Добре; Дано, син на Добре; Степан, син на Добре; Степан, син на Никола; Раде, брат на Степан; Стајко Дапко; Димитри Дапко; Ѓоре, син на Дапко; Димитри, син на Петко; вдовица Добра. Имало 15 семејства, 1 неженет, па вкупно 76 жители. Во 1568 г. селото е заведено со 63 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крагуево имало 40 жители, сите Македонци христијани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крагуево се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 3 куќи.
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крагуево (Kragouevo) имало 32 Македонци под егзархијата.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
По овој период населението го напуштило селото бидејќи жителите биле судски гонети за учество во Илинденското востание. Населението се преселило во Кутретино, Стругово и Утово, како и во Романија, Русија и Бугарија. Најмногу семејства се преселиле во Стругово.
Поврзано Железник
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Стругово