Манастир Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Ораовица. Претставува сакрален објект од среден век. На 2,5 км северно од селото, во дворот на сегашната црква се гледаат темели и ѕидови зачувани до висина од 80 см, кои веројатно припаѓале на една стара манастирска црква од XIV век. На јужниот ѕид се видливи сосема мали траги од фрескоживопис.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 330, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Велика Чука — тумба — населба од бронзеното и доцноантичкото време; Градиште — градиште од римското време; Дива Топола - Крива Врба — населба од неолитското време ; Манастир Св. Ѓорѓи — средновековен сакрален објект; Троло — неолитска населба; Црвен Брег — населба од бронзеното и доцноантичкото време; Ораовица; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ораовица