Канли Чаир или Бојковци — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Дамјан. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа северозападно од селото, во долината на реката Тополница, опкружена со рудните масиви на Дамјан и Бучим. Се работи за поголем простор сместен помеѓу магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица и десниот брег на реката, кој со мал дел навлегува и во атарот на селото Бучим. Во 1987 и 1988 година Музеј на Македонија извршил заштитни ископувања со кои е пронајдена повеќеслојна неолитска населба со остатоци од три хоризонти на живеење. Според типолошките одлики на археолошките наоди, првите два хоризонта се од времето на раниот и средниот неолити - припаѓаат на културната група Амзабегово-Вршник. Третиот хоризонт претставува нова културна појава што тесно се врзува за доцниот неолит, и тоа за културната група Ангелци-Зелениково II. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 326, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Грамади — населба од доцната антика и средниот век; Јасен — населба од доцниот среден век; Маденска Река — доцноантичка населба; Марчово — населба и некропола од доцноантичко време; Ограѓе — населба од доцната антика и средниот век; Османова Ритка — сакрален објект од средниот век; Падарница — тумул од железното време; Стар Манастир — населба од железното време и доцната антика; Сурим Врчва — сакрален објект од средниот век; Тополничка Река — храм од античко време; Турски Гробишта — некропола од доцната антика; Дамјан; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Дамјан