Чегел (или Ченгел) — историско село на територијата на Општина Демир Хисар.
Географија Селото веројатно се наоѓало покрај Црна Река, но неговата точна местоположба е непозната.
Историја Во османлиските документи селото е посведочено како Ч’н’ги или Ч’г’а. Во 1468 г. се споменуваат следните жители: Владислав; вдовица, жена на Пројко; Стајо, брат на Владислав; Тода, вдовица, жена на Никола Хрељаник; Бело Стале. Имало 5 семејства, 2 вдовици и вкупно 33 жители.
Во 1568 г. во Чегел се попишани 38 жители. Понатаму селото не се споменува.
Поврзано Железник
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † †