мини|Северниот Крст, обележан со зелено на бела основа. Северен Крст — астеризам на северната небесна полутопка во соѕвездието Лебед. Зафаќа многу поголема површина од соѕвездието Јужен Крст и се состои од најсјајните ѕвезди на Лебед — Денеб, Садр, Џена, Фаварис и Албирео. „Главата“ на крстот, Денеб, воедно е дел и од астеризмот Јужен Триаголник.

Како и Јужниот Триаголник, Северниот Крст е показател за годишните времиња. Околу полноќ крстот се наоѓа право врз набљудувачот на средносеверна географска должина во текот на летните месеци; може да се забележи напролет, ако се погледа кон исток во раните утрински часови. Наесен крстот се гледа навечер на запад сè до ноември. Никогаш не се спушта под хоризонтот, или над 45° СГШ, туку при најниската точка се допира со северниот хоризонт во места како Минеаполис, Монтреал и Торино. Од јужната полутопка се гледа наопачки и ниско на небото во текот на зимските месеци.

Во ѕвездениот атлас Уранометрија (XVII век) Јохан Бајер вели дека Алфа, Бета и Гама Лебед го образуваат дирекот на христијански крст, додека пак Делта и Епсилон ја сочинуваат накрсната греда. Променливата ѕвезда P Лебед тогаш се сметала за телото на Христос.

Составни ѕвезди ИмеБајерова ознакаПрив.величинаСјајност(× Сончеви)Спект. типОддалеченост(сг)Денебα Лебед1,25200.000A22615 ± 215Џенаε Лебед2,4852K0III-IV72Фаварисδ Лебед2,8776B9 III + F1 V170Садрγ Лебед2,2333.000F8 Iab1600Албиреоβ Лебед31.200K2II430

Поврзано Летен Триаголник Голема Кола Зимски Триаголник Зимски Шестаголник Небесно Пазариште Јужен Крст

Наводи

Надворешни врски Северниот Крст: ’Рбетот на Млечниот Пат — EarthSky Северен Крст — Водич низ соѕвездијата

Категорија:Астеризми Категорија:Лебед (соѕвездие)