Основно училиште „Никола Карев“ (службено: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Крушево; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Крушево, Општина Крушево.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.

Историја

Училиштето започнало со работа во 1944 година. Во почетокот функционирало како четиригодишно училиште под името „Кирил и Методиј“, а од 1956 година било споено со нижата гимназија „Никола Карев”, кога основното училиште го добило денешното име.

Според член 7 од Статутот на ООУ „Никола Карев”, Општинското основно училиште „Никола Карев“ било преобликувано со акт на Собранието на Општина Крушево на 1 септември 1966 година, а е верифицирано со Решение на МОН бр. 10-1248/3 од 27 јуни 1994 година.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Никола Карев“ - Алданци, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Никола Карев“ - Белушино, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Никола Карев“ - Борино, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Никола Карев“ - Врбоец, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Никола Карев“ - Норово, подрачно училиште на албански наставен јазик; и ПУ „Никола Карев“ - Саждево, подрачно училиште на албански наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Службена страница на ООУ „Никола Карев“ - Крушево

Категорија:Основни училишта во Општина Крушево Крушево Категорија:Основни училишта во Крушево Категорија:Основни училишта во Македонија