мини|Глинена плоча попозната како Нинионска табличка на која се прикажани елементи на Елевсинските мистерии, откриена во светилиштето во Елевсина, Атика (датира од средината на 4 век п.н.е.) Елевсински мистерии (старогрчки:Ἐλευσίνια Μυστήρια) - тајна богослужба основана во градот Елевсина под влијание на култот на божицата Деметра и нејзината ќерка Персефона која се вршела речиси 2000 години. Почетоците на овие мистерии датираат уште во времето на древните Микенци, приближно 1800—1200 г. пр. н.е., а се одвивале и низ мрачното доба (1100 – 800 г. пр. н.е), така што опстанале популарни дури низ целиот антички период. Подоцна биле прифатен и од страна на старите Римјани кои ги одржувале во римските градови. Покрај Дионисиите, Ленеите и Панатенеите, кои биле јавни свечености, мистериите биле тајни и затоа за нив малку се знае како се славеле. За секој посветен човек важел светиот завет - молчењето, односно никој не смеел да открие јавно што се случувало за време на мистериите, казната се плаќала сурово со смрт.

Иницијациите се одржувале секоја година за култот на Деметра и Персефона во панхеленското светилиште Елевсина во Стара Грција. Тие се „најпознатите од сите тајните верски обреди на Стара Грција“ и во основа претставуваат стар земјоделски култ, со религиозни практики што датираат уште од микенскиот период. Според митот раскажан во Хомерoвата Химна за Деметра, божицата на земјата Деметра отишла во Елевсина во потрага по својата ќерка Коре (Персефона), која била грабната од Ад (Плутон), бог на подземјето. Мистериите го претставуваат митот за грабнувањето на Персефона од страна на кралот на подземниот свет Ад, во циклус со три фази: спуштање (загуба), потрага и искачување, а главна тема била искачувањето (старогрчки: άνοδος) на Персефона и средбата со нејзината мајка. Тоа бил голем фестивал за време на грчката ера, а подоцна се проширил и во Рим. Слични верски обреди се појавуваат во земјоделските општества на Блискиот Исток и на минојскиот Крит. мини|Релјеф со Деметра и Персефона Лево, Деметра, облечена во пеплос и држејќи жезол во левата рака, му подарува на Триптолем пченица, за тој да ја даде на човештвото. На десната страба, Персефона, облечена во хитон и наметка и држејќи факел, со левата рака го благословува Триптолем. (5 век п.н.е., Национален археолошки музеј во Атина)

Етимологија Елевсински мистерии било името на мистериите на градот Елевсина. Името на градот Елевсина е предгрчко и може да биде поврзано со името на божицата Илитија." Cretan dialect 'Eleuthia' would connect Eileithyia (or perhaps the goddess "Eleutheria") to Eleusis". Willets, p. 222. Нејзиното име Елизија () во Лаконија и Месена, веројатно ја поврзуваат со месецот Елевсиниос и ЕлевсинаF.Schachermeyer (1967) Die Minoische Kultur des alten Kreta W.Kohlhammer Stuttgart, p. 141 но за ова се расправа."In Laconia there is a temple of Demeter Eleusinia. The name was used very early, and cannot be an influence of the goddess of Eleusis": Nilsson, Vol I, pp.313-314

Античкиот грчки збор „мистерија“ () значи „мистерија или таен обред“ и е поврзан со глаголот , што значи иницијација во мистериите, и именката , што значи инициран. Зборот на старогрчки јазик значи „поврзано со мистериите“, или „приватно, тајно“ (воедно и на современ грчки јазик).

Деметра и Персефона Мистериите се поврзани со митот за Деметра, божицата на земјоделството и плодноста, како што е раскажано во една од хомерските химни (околу 650 г.п.н.е.). Според химната, на ќерката на Деметра, Персефона (позната и како Коре) ѝ била доделена задачата да ги слика сите цвеќиња на земјата. Пред да заврши, таа била грабната од Ад, богот на подземниот свет, кој ја однел во кралството на подземјето. Вознемирена, Деметра насекаде ја барала ќерка си. Поради својата вознемиреност и во обид да го принуди Зевс да дозволи враќање на нејзината ќерка, таа предизвикала страшна суша во која луѓето страдале и гладувале, лишувајќи ги боговите од жртва и обожување. Како резултат, Зевс попуштил и ѝ дозволил на Персефона да се врати кај нејзината мајка.Foley, Helene P., The Homeric "Hymn ro Demeter". Princeton University Press 1994. Also Vaughn, Steck. Demeter and Persephone. Steck Vaughn Publishing, June 1994 Според митот, за време на потрагата Деметра поминала низ многу авантури. Во една, таа му ги предала тајните на земјоделството на Триптолем.Smith, William. A New Classical Dictionary of Greek and Roman Biography, Mythology and Geography Vol. II. Kessinger Publishing, LLC 2006. Најпосле, во консултација со Зевс, Деметра повторно се обединила со својата ќерка и земјата се вратила во своето поранешно зеленило и просперитет: првата пролет.

Зевс, притиснат од плачот на гладниот народ и од другите богови кои исто така ја слушнале нивната мака, го принуди Ад да ја врати Персефона. Сепак, правилото на Судбините било дека секој што јадел или пиел во подземниот свет е осуден да ја помине вечноста таму. Пред да биде пуштена Персефона, Ад ја измамил да изеде неколку семки од калинка што ја принудувало да се враќа во подземниот свет на неколку месеци секоја година. Деметра била несреќна поради отсуството на Персефона, и ја занемарувала земјата а кога Персефона ќе се вратела на површината, Деметра се радувала и повторно се грижела за земјата. Повторното раѓање на Персефона е симболично за повторно раѓање на целиот живот на растенијата и симбол на вечноста на животот.Similar ideas appear in many ancient agricultural societies: in the cult of Adonis in Phoenicia, the cult of Osiris in Egypt and the cult of Ariadne in Minoan Crete. Also in China: "There in the buried seed, the end of life is connected with a new beginning": The I Ching or book of changes, transl. Richard Wilhelm p.45 мини|273x273пкс|Ад ја грабнува Персефона (ќерка на Зевс и Деметра). Грнчарија пронајдена во Таранто (Италија), 350-325 година п.н.е. (инв. 2588) мини|360x360пкс|Фредерик Лигтон - Враќањето на Персефона (1891)

Митот Хад, богот на мртвите и подземниот свет, многу се вљубил во Кора, ќерката на божицата Деметра, па од подземјето се искачил на Олимп да го праша неговиот брат Ѕевс дали може да ја земе за сопруга. Ѕевс, не сакајќи да ја налути Деметра, му возвратил на Хад дека ниту се противи, ниту го прифаќа тој брак. Хад, задоволен од Ѕевсовата рамнодушност, се решил самиот да ѝ пристапи на Кора и да ја придобие како негова идна жена во подземниот свет. Тоа и се случило еден ден кога Кора се шетала на елевсинските полјани берејќи булки од земјата. Наеднаш земјата се отворила, од пукнатината излегол невидливиот Хад, кој патем го користел неговиот шлем за да биде незабележан и ја грабнал убавата Кора. Таа во лелек барала помош, но залудно, немало никој во близина да ја избави од оваа неволја. Деметра, кога дознала дека ќерка ѝ исчезнала, ја барала насекаде по земјата. Се распрашувала дури и кај смртниците, престорена во постара жена. Триптолем, синот на елевсинскиот крал Кенеј и Метанејра, ѝ соопштил дека пред девет дена заедно со неговите браќа слушнале женски глас со повик за помош, а и истите осведочиле дека загубиле неколкубројно стадо овци кои ги голтнала самата земја. Кога ѝ рекле дека виделе црна кочија која ја влечеле сиви коњи без возач, Деметра се упатила кај богот Хелиј (Сонце) да признае што видел тој ден. Хелиј го открил виновникот. Деметра веднаш му се налутила на Ѕевс поради неговата рамнодушност, па како одмазда ја покрила земјата со неподнослива суша и недостиг на храна, бидејќи самата управувала со житните култури и плодноста на растителниот свет. Ѕевс се одлучил да го реши проблемот заедно со неговата мајка Реја. Му пратил порака на Хад преку Ирида, Ѕевсовата гласничка, дека мора да ја ослободи девојката, оти вака со суша и глад ќе пропадне нивната слава врз луѓето, а на Деметра ѝ испратил порака дека нејзината ќерка ќе ја добие назад во светот само под еден услов, доколку таа не касне од плодовите што растат во подземјето. При враќањето, слугата на Хад, Аскалаф, му открил дека во подземјето Кора каснала седум семки од калинка не можејќи да го издржи гладот. Кога Деметра дознала дека нејзината ќерка каснала од подземната храна, се исплашила да не ја загуби засекогаш. Но, Ѕевс одлучил да направи компромис. На Хад му ветил дека Кора, наречена Персефона, ќе живее со него пет месеца во подземјето, додека во седумте преостанати месеци ќе престојува кај нејзината мајка Деметра, во светот на живите. Божицата Хеката се понудила да води сметка за договорот и да ја варди Персефона. Овој мит, всушност, ја објаснува смената на годишните времиња. Кога е Кора кај Деметра, таа е радосна и ги посејува полињата, се грижи за нивното зреење и жетва, ја зголемува плодноста на земјата да раѓа сочни овоштија и зеленчуци за исхрана на луѓето и живиот свет (пролет, лето). Кога доаѓа редот Хад да ја носи кај него во подземјето, Деметра се загрижува и е натажена, го запоставува растителниот свет кој замира без нејзино влијание (есен, зима). Ова кружно будење и замирање на природата е причина за создавањето на култот спрема божицата Деметра и тајните свечености наречени елевсински мистерии. Мистериитецентар|мини|384x384пкс|Фреска од Вергина која го прикажува грабнувањето на Персефона од страна на богот на подземјето Хад

Мистериите мини|264x264пкс|Деметра, седи и ја протега раката во благослов кон клекнатата Метанеира, која нуди пченица која е симбол на периодични мистерии ( Вазно црвено-фигуративно сликарство, околу. 340 п.н.е., од Апулија) Елевсинските мистерии се верува дека датираат многу одамна. Некои откритија во храмот Елевсинион во Атика сугерираат дека во основа тие се стар земјоделски култ.Nilsson, Vol I, p.470 Се чини дека некои практики на мистериите биле под влијание на религиозните практики од микенскиот период.Dietrich (1975) The origins of Greek Religion. Bristol Phoenix Press pp. 166, 167Walter Burkert. (1985)Greek Religion. Harvard University Press. p. 285 Ископувањата покажале дека приватна зграда постоела под Телестерион во микенскиот период и се чини дека првично култот на Деметра бил приватен. Во Хомерската химна се споменува палатата на кралот Келеос.Nilsson, Vol I, pp. 474,475

Едно од размислувањата на современите научници е дека мистериите имале за цел „да го воздигнат човекот над човечката сфера во божественото и да го утврдат неговото искупување со тоа што ќе го направат бог и ќе му се даде бесмртност“.Nilsson, Martin P. Greek Popular Religion "The Religion of Eleusis" New York: Columbia University Press, 1947. pages 42–64 Компаративната студија покажува паралели помеѓу овие грчки ритуали и слични системи на Блискиот Исток кои датираат од уште постаро време. Таквите култови ги вклучуваат мистериите на Изида и Озирис во Египет, сириските култови, персиските мистерии и фригиските кабеирски мистерии.Newton, Joseph Fort.The Builders p.24

Некои научници тврдат дека елевсинскиот култ е продолжение на минојскиот култ Kerenyi (1976), Dionysos. Archetypal image of indestructible life p.79 и дека Деметра е божицата од афионот којашто го донела афионот од Крит до Елевсина." Persephone is probably the unnamable mistress of the labyrinth (Mycenean (Linear B) inscription : da-pu-ri-to-jo po-ti-ni-ja) " : Karl Kerenyi.Dionysos.Archetypal image of indestructible life.p 89,90.Kerenyi, 1976 p.23 Неколку корисни информации од микенскиот период може да се земат од проучувањето на култот на Деспоина, (претходничката божица на Персефона) и култот на Илитија, која била божица на породувањето. Мегаронот на Деспоина во Ликосура е многу сличен со Телестерионот на ЕлевсинаBurkert: Greek religion p.285, и Деметра е обединета со богот Посејдон, со кого ја имала ќерката, Деспоина (љубовница).Pausanias, 8.37.9 Во пештерата Амнисос на Крит, божицата Илитија е поврзана со годишното раѓање на божественото дете и е поврзана со ЕнесидаонMycenean (Linear B) inscription :E-ne-si-da-o-ne кој е аспект на Посејдон.Dietrich The origins of Greek Religion pp. 220, 221