Жени во градина (на француски: Femmes au jardin) — слика на францускиот сликар Клод Моне. Сликата ја започнал во 1866 годин кога имал 26 годиниClaude Monet.
За сликата Сликата е насликана со маслени бои на платно. Големина е 255 см × 205 см. Самиот пејзаж е всушност градината на имотот што тој го изнајмил.
На самата слика се гледа неговата партнерка и идна сопруга Камиј Донсје, која позирала за сликата. Во почетокот сликата ја работел на отворено (ан пленер), а ја завршил во своето ателје. Денес, оваа слика е во музејот Орсе во Париз.
Успех на сликата Сликата иако во почетокот била одбиена на Парискиот салон, поради грубите потези на четката, таа сепак во историјата на сликарството ја има пионерската и значајна улога со која всушност започнува еден од најзначајните ликовни правци - импресионизмот
Наводи
Категорија:Слики од Клод Моне Категорија:Слики во музејот Орсе Категорија:Слики од 1866 година