Основно училиште „Рајко Жинзифов“ (официјално: Основно општинско училиште „Рајко Жинзифов“ - Горно Оризари; скратено: ООУ „Рајко Жинзифов“) — централно основно училиште во велешкото село Горно Оризари, Општина Велес.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов.

Историја

Училиштето започнало со работа непосредно по ослободувањето, односно од 1945/46 година, како неполно основно училиште од I–IV одделение и го добило името на првоборецот Благој Кирков, роден во Велес. Со понатамошниот развој училиштето прераснало во петолетка, па во шестолетка и така опстојувало сè до 1972 година. Истата година општинското собрание донело Одлука училиштето да прерасне во осмолетка под името Рајко Жинзифов.

Во минатото, наставата се одвивала во два училишни објекта и тоа во населбите во Превалец и Горно Оризари. Наставата од I–V одделение во населбата Превалец се изведувала на македонски наставен јазик, а во Горно Оризари на босански наставен јазик од I–V одделение.

Од второто полугодие на учебната 2015/2016 година воспитно-образовната дејност се реализира само во училишниот објект во Горно Оризари поради одвојувањето на училишниот објект од населба Превалец и негово приклучување кон ООУ „Васил Главинов“.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Основни училишта во Општина Велес Категорија:Горно Оризари (Велешко) Горно Оризари Категорија:Основни училишта во Македонија