Boglioli (изговорено: Бољоли) е кројачки семеен бизнис за мажи, првично со седиште во италијанскиот град Гамбара (во близина на Бреша). Претседател и извршен директор е Гуљелмо Розенберг.
Неговиот изложбен салон е на Корсо Венеција 36 во Милано.Службена мрежна страница на Boglioli History Познати се по машката облека на јакни во боја.
Историја „Boglioli“ бил основан во 1974 година како семеен италијански бизнис.
Во 1987 година, брендот ја претставил својата прва збирка за времето на Пити Уомо.
Во 2000 година, „Бољоли“ се здобил со светско признание благодарение на нејзината К-јакна, деконструирана кашмирска јакна со старински шмек, која се одликувала со одмиените бои добиени преку процесот на боење облека.
Името на оваа техника потекнува од конкретниот начин на кој бојата се додава на облеката само откако е зашиена, сосема иновативен и уникатен метод невиден претходно во индустријата.
Успехот на италијанскиот пазар ги натерало „Бољоли“ да се прошират ширум светот во земји како Соединетите Држави, Канада, Јапонија и Русија.
Поврзано Bulgari Gucci Prada
Наводи
Категорија:Италијански марки Категорија:Луксузни марки Категорија:Производители на облека од Италија Категорија:Модни куќи