Уши — археолошко наоѓалиште во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода, Скопје. Претставува некропола од доцноантичко време.
Сместено е на 350 м северно од училиштето (месното подрачно училиште на ООУ „Рајко Жизофов“), во дворот на Глигор Глигоров. На длабочина од 0,8 м, при копањето на темели за куќа се откриени гробови од камени плочи и тегули.
Во 1994 г. Музејот на Град Скопје извршил интервентно ископување на два гроба.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи