Свети Димитриј — главна селска црква во селото Страцин.

Местоположба Храмот е сместен на возвишение во северниот дел од селото, коешто му дава доминантна положба.

Историја Црквата била изградена во 1847 година.

Архитектура Градбата на црквата претставува трикорабна базилика со калкански покрив и три скриени апсиди под него. Апсида на источната страна има полукружен облик и е благо истакната. Кон западната страна е доградена отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Во припратата, непосредно на левата страна од главниот влез, има камен гробен споменик.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и трпезаријата. Камбанаријата е дело на Стојан Рачков од Горно Броди, Серско.

Фрескопис Фреските во црквата се изработени во периодот 1884-1885 година од мијачкиот мајстор Аврам Дичов.Цветковски, С. (2011). „Аврам Дичов“. Струга. стр. 94.

Галерија Надворешност

Фрески

Објекти во дворот

Поврзано Страцин Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Страцин Страцин Категорија:Дела на Дебарската школа