Огњанка Поповска-Станковиќ (р. 1926 во ) — македонски биолог и истражувач од областа на лимнологијата и потамологијата.
Животопис
Родена е во 1926 година во Куманово. Основното образование го завршила во родното место, а додека пак гимназиско образование завршила во Скопје. Се запишала на Филозофскиот факултет (група биологија) и студиите ги завршила во 1952 година.
Станковиќ работела како наставник односно професор по биологија во периодот 1950-1953 година. Во 1960 година го стекнува звањето виш стручен соработник и е вработена во Заводот за рибарство во Скопје. Докторската дисертација ја одбранила во 1965 година, а додека пак во 1971 година е избрана во виш научен соработник, а во 1977 во виш научен советник.
Од 1977 до 1983 година е директорка на Природонаучниот музеј во Скопје, а потоа заминува во пензија.
Објавила педесетина научни трудови од областа на лимнологијата и потамологијата.
Наводи
Категорија:Македонски биолози Категорија:Лимнолози